СРД ги усвои правилниците за медиумското покривање на изборите

СКОПЈЕ, 21.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) на денешната седница ги усвои „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања“ и „Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања“ со шест гласа „за“ и два „против“ во законски определениот рок согласно со Изборниот законик.

На седницата на СРД беше констатирано, дека и покрај побараното мислење од Државната изборна комисија (ДИК), во документот што беше упатен до СРД, не е наведено мислењето на ДИК, туку информација дека ДИК ја тргнале точката од дневниот ред и дека бара дополнителни информации од јавната расправа, што е во надлежност на СРД.

СРД смета дека ваквиот став на ДИК е мешање во неговите ингеренции и во независноста како регулаторно тело.
На усвојувањето на правилниците им претходеше широка и транспарентна јавна расправа со сите чинители во областа на медиумското покривање на изборите: радиодифузерите, ЗНМ, невладиниот сектор, Центарот за развој на медиуми како и претставници од меѓународната заедница во земјава.

Конечна верзија на правилниците



Accessibility

Accessibility