СКОПЈЕ, 02.06.2011 – На денешната седница Советот за радиодифузија (СРД) ги разгледа најновите прекршувања на изборната регулатива, што ги забележал мониторингот на СРД и донесе одлука да се поведат:
– Една прекршочна за ТРД ТВ Канал 5 поради прекршување на Член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (издвоил повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања) (продолжен прекршок поради повеќекратно остварување на ист прекршок).
– Една прекршочна за ТРД ТВ БТР поради прекршување на Член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (надминат е лимитот од 15 минути ППР на еден реален час, и издвоил повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања).
– Една прекршочна за ТРД ТВ Сител поради прекршување на Член 75 став 3 од Изборниот законик и член 31 став 1 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (резултати од испитувања на јавното мислење се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите).
– Проширување на веќе поведената Прекршочна пријава за ТРД ТВ Сител поради прекршување на Член 75 став 3 од Изборниот законик и член 22 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (издвоил повеќе од 10 минути за платено политичко рекламирање на реален час за еден организатор на изборна кампања) (продолжен прекршок поради повеќекратно остварување на ист прекршок).
– Една прекршочна за ТРД ТВ Ирис од Штип поради прекршување на Член 75 став 3 од Изборниот законик и член 24 од Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања (неозначено платено политичко рекламирање).
– Поради помали прекршувања СРД упати укажувања до: ТРД ТВ Сител, Македонско Радио – Прва програма, ТРД Радио Метрополис, ТРД Б-97 од Битола, ТРД ТВ Стар од Штип, ТРД Радио Пехчево, ТРД ТВ Кобра од Радовиш и ТРД ТВ Еми од Радовиш.
СРД ќе продолжи со деталниот мониторинг и утре како и во текот на претстојниот изборен викенд и соодветно ќе реагира, доколку забележи прекршување на изборната легислатива од страна на радиодифузерите.