СРД ќе поднесе кривична пријава против ЈП Службен весник

СКОПЈЕ, 26.04.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) ќе поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие Службен весник и против неговото одговорно лице, поради тоа што одби да ги објави подзаконските акти за регулирање на медиумското покривање на изборите.

ЈП Службен весник создаде вакуум период во медиумската регулација, кој негативно влијаеше врз функционирањето на СРД и електронските медиуми во време на изборен процес. Со ова не е испочитуван Изборниот законик, кој налага СРД да донесе Правилник за однесувањето на радиодифузерите во периодот од распишувањето на изборите до почетокот на изборната кампања и Правилник за рамноправен пристап за време на изборна кампања.

СРД правилниците ги усвои во законскиот рок, согласно членовите 75 и 206 од Изборниот законик, а Државната изборна комисија (ДИК) одби да даде мислење за нив.



Accessibility

Accessibility