СРД ќе поведе прекршочна постапка против ТВ А1 поради кршење на правилата за покривање на предизборните активности

СКОПЈЕ, 13.05.2011 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска одлучи да поведе прекршочна постапка против Телевизијата А1 поради прекршување на Изборниот законик.

Анализата на емитуваната програма на ТВ А1 покажа дека во вестите на ТВ А1 било користено ненаучно и нерепрезентативно испитување на јавното мислење, преку гласање на гледачи преку телефон. Со ова ТВ А1 го прекрши членот 75 од Изборниот законик и членот 13 од Правилникот за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања. Прописите од овие законски акти им забрануваат на радиодифузерите да објавуваат резултати од ненаучни и нерепрезентативни испитувања на јавното мислење, како што се гласање на гледачи или слушатели преку телефон (телевоутинг), анкети, спроведени на Интернет и сл.

Од понеделник, 16 мај, ќе важи „Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања“. СРД продолжува со редовниот мониторинг и веднаш ќе изрекува мерки, доколку бидат забележани неправилности.



Accessibility

Accessibility