1

Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2018 година

Скопје 02.07.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за отворено и транспарентно работење и иницијативата на Владата на РМ за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2018 година.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во првата половина на годинава има направено трошоци во вкупен износ од 223.527,00 денари и тоа по следните ставки:

  • при патувања во странство – 151.025,00 денари, од кои:

– за авионски билети – 90.016,00 денари,
– за хотелско сместување – 61.009,00 денари

  • трошоци за репрезентација во Република Македонија – 55.630,00 денари од кои:

– угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 24.790,00 денари
– други угостителски услуги – 30.840,00 денари

  • за службен мобилен телефон – 16.872,00 денари

Ова е втор извештај на Агенцијата за трошоците на директорот. Истовремено, потсетуваме дека Агенцијата отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.