Скопје, 20.07.2022 – На вчерашната седница Советот на Агенцијата ги разгледа кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 април со 30 јуни од 2022 година.
Советот на Агенцијата ги усвои Нацрт-упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка и Нацрт-методологијата за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг), кои ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата (www.avmu.mk) со цел да се отвори јавна расправа по нивните текстови.
Врз основа на член 82 став 1 алинеја 5 од ЗААВМУ, односно поради тоа што по издавањето на дозволата настанале околности кои претставуваат законска пречка за емитување на радио програма, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за радио емитување на ТРД КАПИТОЛ ФМ Скопје.
Советот на Агенцијата даде одобрение на директорот на Агенцијата да донесе Одлука за отпис на движни ствари, да достави до Владата на РСМ Предлог-одлука за престанок и давање на движни ствари на трајно користење без надомест на правно лице основано од државата и во име на АААВМУ да потпише Договор за давање на трајно користење на движни ствари без надомест со НУ Албански театар за деца и млади Скопје.
Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка-услуга: Одржување Денови на медиумска писменост 2022.