На 26 септември (четврток) со почеток во 12 часот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе го одржи третиот јавен состанок за 2024 година.

Повеќе информации за настанот во банерот „ Јавен состанок“

Јавна опомена за операторот Комбо 2003

Скопје, 17 септември 2024г – На 35-та седница одржана на 12.09.2024 година, Советот на Агенцијата за операторот Комбо 2003 од Куманово донесе решение за јавно опоменување и за исклучување на реемитувањето програмските сервиси „Discovery“ и „Animal Planet“, кои не се регистриран во Агенцијата, согласно член 141 од ЗААВМУ

Редовни програмски надзори врз операторот Винсат Кабел

Скопје, 10 септември 2024г. – Агенцијата изврши редовени програмски надзори врз операторот Винсат Кабел за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитува задолжително и бесплатно да ги обезбеди програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ, КОЕ ВРШИ ДЕЈНОСТ ИЛИ ПОСЕДУВА ДОЗВОЛА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ ЗА СОБИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД И СКЛАДИРАЊЕ И ТРЕТМАН НА ОТПАД

Скопје, 10 септември 2024г. – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува јавен повик за избор на правно лице (економски оператор), кое врши дејност или поседува дозвола за вршење на дејност за собирање и транспорт на електронски отпад и складирање и третман на отпад, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)

Редовни програмски надзори врз операторите Вива Нет, Комбо 2003, Скупи Кабле и Траншпед Трејд

Скопје, 5 септември 2024г. – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз операторите Вива Нет, Комбо 2003, Скупи Кабле и Траншпед Трејд за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис

Извршен редовен програмски надзор врз радијата Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

Скопје, 29 август 2024г. – За обврските за употреба на јазикот во програмите, емитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик и дневно емитување најмалку 12 часа програма на радио, редовен програмски надзор е извршен врз регионалните радија Зона М-1, РФМ, Урбан ФМ, Скај радио и ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио

Извештаи од редовен програмски и административен надзор врз радијата РФМ, Скај радио, Урбан ФМ, ЕФ-ЕМ 90.3 Спортско радио и Зона М-1

Скопје, 29 август 2024г.  Редовни надзори за обврските за објавување импресум, објава на информации кои треба да се направат достапни за корисниците, идентификација на радиодифузер, правилата при емитување аудио комерцијални комуникации

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility