Сите материјали поврзани со мониторингот на изборното медиумско претставување на радиодифузерите
се достапни во банерот „Избори 2024“.

 

Седница бр.22 – 20.05.2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 22-та седница ќе ја одржи на 20.05.2024 година (понеделник) со почеток во 14:00…

Вонреден административен надзор врз ТВ Њуз од Куманово

Скопје, 14 мај 2024 – Вонреден административен надзор за исполнувањето на обврските од членот 62 став 6 од ЗААВМУ и член 21 ставови 3 и 4 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување е извршен врз Телевизија Њуз од Куманово

Изречена мерка јавна опомена на Тотал ТВ

Скопје, 13 мај  2024 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата на 21-та седница одржана на 10 мај 2024 донесе Решение за изрекување на мерка јавна опомена за операторот Тотал ТВ од Скопје, заради тоа што во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис

Извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024

Скопје, 10 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, денес до Државната изборна комисија го достави Извештајот за платеното политичко рекламирање (ППР) на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година.

ИЗБОРЕН МОЛК ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ

Скопје, 6 мај 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека од вечерва на полноќ започнува изборниот молк за Претседателските и Парламентарните избори, кој трае до 19 часот на 8 мај 2024 година.

Извештај за медиумското претставување во првиот круг од кампањата за Претседателските избори 2024

Скопје 2 мај 2024 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.

Мапа на сајтот



Accessibility

Accessibility