header logo

  • koi sme niee
  • sto rabotime
  • Server sala
  • Server sala 1
  • 55

MK Radiodifuzeri

OJEKM MK

Pecateni mediumi MK

Застапници на права
PDF
Печати
Е-пошта

На територијата на Република Македонија дејствуваат овластени застапници за склучување на договори за реемитување на програмски сервиси во јавните електронски комуникациски мрежи и застапници на филмски, спортски и други права врз содржини што се емитуваат на програмските сервиси на домашните радиодифузери.

Регистарот на застапниците има евиденционен (неконститутивен карактер) и е во функција на олеснување на контактите на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и радиодифузерите со овластените застапници, како и зголемување на правната сигурност при склучувањето на договори за реемитување и договори за купување на содржини што ќе се емитуваат на радио и телевизиските програмски сервиси на домашните радиодифузери.

Регистарот е во служба и на заштита на авторските и сродните права, на кои Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги внимава по службена должност, согласно неговата надлежност од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како во поглед на реемитување на програмски сервиси кај операторите на јавни електронски комуникациски мрежи така и во поглед на програмите на домашните радиодифузери на сите нивоа на емитување.

Регистарот е отворен и за сите други досега непријавени овластени застапници кои можат да достават пријави на адреса на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги: ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје Скопјеили на електронска пошта: contact@avmu.mk

Секој овластен застапник, кон пријавата, треба да достави: решение за упис во Централниот регистар на Република Македонија и податоци за управителот на правното лице, седиштето, телефонот, е-маил и веб адресата (ако е правно лице); или овластување или друга соодветна документација како доказ за неговото застапничко својство и податоци за службена адреса, телефон, е-маил и веб адресата (ако е физичко лице).

 

excel-logo РЕГИСТАР ЗА ЗАСТАПНИЦИ НА ПРОГРАМСКИ СЕРВИСИ И ФИЛМСКИ, СПОРТСКИ И ДРУГИ ПРАВА (ажурирано на 18.05.2017)

 

STRATEGIJA 2018 2022

pretstavkamk

mediumskapismenostmk

odgovorispravkamk

slika-4f-copy

licasosetilnapoprecenost

mk

zakon-avmu-mak

zm-mak