Завршени расправи во 2022 година 

image_pdfimage_print
Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

На 20 јули 2022 година беше отворена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка, кое беше усвоено на 27-та седница на Советот на Агенцијата одржана на 19 јули 2022 година.

Документот ги пропишува роковите потребни за усогласување со мерките јавна опомена изречени од страна на Агенцијата кон издавачите на печатени медиуми, радиодифузерите и ОЈЕКМ, пред да се изврши контролен надзор. Измената и дополнувањето на Упатството се однесува на скратување на роковите, со цел поголема ефикасност и ефективност во спроведувањето на ЗААВМУ и обезбедување баланс помеѓу интересите на јавноста и субјектите што се предмет на надзор.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 75 дена, заклучно до 3 октомври 2022 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-Методологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг)

На 20 јули 2022 година беше отворена јавна расправа за Нацрт-Mетодологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг), која Советот на Агенцијата ја усвои на 27-та седница одржана на 19 јули 2022 година.

Текстот во документот ги прецизира обврските на радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на АВМУ по барање и начинот на кој се проверува нивното почитување преку спроведување на програмски надзор. Потребата за измена и дополнување на постоечката Методологија произлезе поради повеќето измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги направени изминатите неколку години.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 60 дена, заклучно со 17 септември 2022 година.



Accessibility

Accessibility