1

Трет јавен состанок на Агенцијата во 2014 година

za vebАгенцијата го одржа својот трет јавен состанок

Скопје, 17.09.2014 г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно обврските утврдени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, го одржа својот трет јавен состанок. Неговата цел беше да им се овозможи на сите заинтересирани страни да се запознаат со активностите на Совет на Агенцијата и да ги изразат своите ставови и мислења во однос на развојот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Република Македонија.

Состанокот го отвори и го водеше раководителот на Стручната служба д-р Андриана Скерлев – Чакар. Претседателот на Советот на Агенцијата, г-н Лазо Петрушевски, со својата презентација ги запозна присутните со активностите на Советот, кои што беа реализирани во периодот од изборот на членовите на Советот на Агенцијата до 01.09.2014година. Резултатите од Анализата на пазарот на радиодифузна дејност за 2013 година ги презентираше в.д. Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, додека резултатите од „Анализата на структурата на вработените во радиодифузната индустрија за 2013 година“ беа претставени од раководителот на Секторот за истражување и долгорочен развој, м-р Магдалена Давидовска-Довлева. Потоа, в.д. Директорот на Агенцијата за филм, д-р Дарко Башески, се осврна на условите за емитување на македонските филмски проекти.1 veb

Искажаните ставови и мислења од третиот јавен состанок, како и ставот на Агенцијата во однос на истите ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок.

Презентациите третиот јавен состанок за 2014 година може да се погледнат на следните линкови: 

„Запознавање со активностите на Советот на Агенцијата“ 

„Анализа на пазарот на радиодифузнa дејност за 2013 година“

„Анализа на структурата на вработените во радиодифузната индустрија за 2013 година“

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за третиот јавен состанок може да се преземе на следниот линк