ОДРЖАН ПОСЛЕДЕН ЈАВЕН СОСТАНОК НА АВМУ ЗА 2020 ГОДИНА
Скопје, 25 декември 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
Учесниците имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборниот процес за Предвремените локални избори 2020, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми и давателите на АВМУ по барање, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка.
На состанокот беа презентирани и клучните наоди од структурата на вработените во аудио и аудиовизуелниот медиумски сектор во 2019 година. Во анализата е даден преглед на податоци за вкупниот број на вработени во јавниот сервис и во комерцијалните телевизии и радиостаници. Податоците се анализирани од аспект на работните места на кои тие биле ангажирани, статусот (редовен работен однос или хонорарен ангажман), полот, степенот на образование и етничката припадност.
Во 2019 година, бројот на вработени во индустријата изнесувал 2.601 лице, од кои 814 биле ангажирани во јавниот сервис, 1.382 лица во комерцијалните телевизии и 405 во комерцијалните радиостаници. Од вкупно 2.601 лице, 1.546 биле мажи, а 1.055 биле жени. Во редовен работен однос биле вработени 2.012 лица, додека хонорарно биле ангажирани 589 лица. Најголем дел од вработените биле со високо образование – 1.280 лица, со средно образование биле ангажирани 1.265 лица, а само 56 лица имале друг степен на образование. Најголем број од лицата од машки пол биле ангажирани како реализатори (582 лица), а најголем број од жените работеле како новинарки (507 лица). Од аспект на етничката припадност, 1.886 лица од вработените биле Македонци, 548 Албанци, 52 Турци, 21 Ром, 13 Власи, 46 Срби, 27 Бошњаци и осум лица биле од други националности.
Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за јавниот состанок, можат да се преземат на следниот линк
Презентациите се достапни на следните линкови:
Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ
д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ
Структура на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2019 година
Катерина Доневска, АВМУ