Втор јавен состанок за 2019 година 

Промовирани публикациите „Политика за медиумска писменост“ и „Регулаторните тела за медиуми и заштитата на малолетните лица“

 Скопје, 17 јуни 2019 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа вториот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски, ги презентираше активностите од изминатиот квартал, спроведени согласно Годишната програма за работа – мониторингот на изборното медиумско претставување за време на изборните кампањи за претседателските и за предвремените локални избори, надзорите врз радиодифузерите, издавачите на печатени медиуми, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање, изречените мерки-јавна опомена, меѓународните активности.

На состанокот беа промовирани и двете публикации „Политика за медиумска писменост“ и „Регулаторните тела за медиуми и заштитата на малолетните лица“, подготвени во рамки на зедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа – Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (Јуфрекс).

Публикацијата „Политика за медиумска писменост“, за потребите на Агенцијата, ја подготви генералниот секретар на ЕАВИ Паоло Челот, и истата претставува патоказ за понатамошен развој на медиумската писменост во македонското општество, земајќи ги предвид граѓаните како крајни корисници. Публикацијата се заснова на цврсто втемелени концепти, кои се потврдени од меѓународната научна заедница и се вградени во политиките на Европската Унија и стандардите и постапките на Советот на Европа. Во неа се опфатени четири компоненти – критичка свесност, дигитална добросостојба, свет на емоции и полноправно граѓанство, на кои Агенцијата заедно со релевантните чинители од оваа област треба да работи во следниот период. Испечатена е на македонскиалбански и англиски јазик. 

Публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и заштитата на малолетните лица“, меѓудругото треба да придонесе за посеопфатно разбирање на концептот за заштита на малолетната публика од штетни содржини во аудиовизуелните медиумски услуги, улогата на националните регулаторни тела во оваа област, потребата од вклучување различни чинители со цел да се осигури безбедно опкружување како на интернет, така и надвор од него, како и да понуди почетна точка за давање препораки и создавање механизми за заштита на малолетните лица, но и да ги олесни понатамошните напори и иницијативи. Ова издание е корисна и важна алатка во понатамошните активности не само на регулаторот, туку и во рамките на дискурсот на сите чинители во општеството.

Презентациите од вториот јавен состанок се достапни на линковите:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

  • д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Политика за медиумска писменост

  • м-р Емилија Петреска Камењарова, Раководител на Одделение за човекови права и медиумска писменост

Регулаторните тела за медиуми и заштита на малолетните лица

 м-р Виктор Стојанов, Одделение за човекови права и медиумска писменост

Добиените ставови и мислења и ставот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за вториот јавен состанок за 2019 година, можат да се преземат на следниот линк


Агенда за вториот јавен состанок на Агенцијата за 2019 година

Пријава за учество на вториот јавен состанок на Агенцијата за 2019 година



Accessibility

Accessibility