Завршени расправи во 2022 година

Завршена јавна расправа за Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

На 27-та седница одржана на 19 јули, Советот на Агенцијата усвои Нацрт-Упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Документот ги пропишува роковите потребни за усогласување со мерките јавна опомена изречени од страна на Агенцијата кон издавачите на печатени медиуми, радиодифузерите и ОЈЕКМ, пред да се изврши контролен надзор. Измената и дополнувањето на Упатството се однесува на скратување на роковите, со цел поголема ефикасност и ефективност во спроведувањето на ЗААВМУ и обезбедување баланс помеѓу интересите на јавноста и субјектите што се предмет на надзор.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше до 75 дена, заклучно со 3 октомври 2022 година.


Завршена јавна расправа за Нацрт-Методологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг)

Советот на Агенцијата на 27-та седница одржана на 19 јули, усвои Нацрт-Mетодологија за изменување и дополнување на Методологијата за вршење програмски надзор (мониторинг).

Текстот во документот ги прецизира обврските на радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на АВМУ по барање и начинот на кој се проверува нивното почитување преку спроведување на програмски надзор. Потребата за измена и дополнување на постоечката Методологија произлезе поради повеќето измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги направени изминатите неколку години.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа траеше 60 дена, заклучно со 17 септември 2022 година.



Accessibility

Accessibility