Завршени расправи во 2022 година  

Завршена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2022 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги),  Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор за 2022 годинa, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор за 2022 година.

Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

Јавната расправа траеше до 17 декември 2021 година. 



Accessibility

Accessibility