Завршена јавна расправа за Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија
Советот на Агенцијата на 17-та седница, 12 мај 2026 година, усвои Нацрт-одлука за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија, за која е отворена јавна расправа.
Со Нацрт-одлуката се утврдува листа на настани (национални или меѓународни) чие телевизиско емитување се смета дека е од големо значење за населението во Република Северна Македонија и кои задоволуваат одредени критериуми утврдени во самиот документ.
Агенцијата ги повика сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа траеше до 12 јуни 2026 година.
Доставени предлози во врска со јавната расправа
Предлог од Друштво на филмски работници на република Македонија – 26.05.2026
Коментари од Олимписки комитет на Северна Македонија – 12.06.2026