Седница бр.5 – 05.02.2016

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 05-та седница ја закажува за 05.02.2016 година (петок), со почеток во 14:00 часот…


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 05-та седница ја закажува за 05.02.2016 година (петок), со почеток во 14:00 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

1. Усвојување на Предлог-записник од 04-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 29.01.2016 година.

2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за радио емитување, на локално ниво.

3. Предлог-одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување преку ЈЕКМ што не користи ограничен ресурс, на локално ниво.

4. Предлог за запирање на покрената постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ М Арнаудов Михајло ДООЕЛ Охрид.

5. Предлог за покренување постапка за одземање на дозволата на ТРД ТВ ЕМИ ДООЕЛ Радовиш.

6. Предлог-одлука за ребаланс на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016-та година.

7. Предлог за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки во 2016 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

8. Предлог-одлука за спроведување на постапка за јавна набавка: Систем за аудио и видео снимање на седници и симултан превод.

9. Разно.



Accessibility

Accessibility