Хроника од 2-та седница

Скопје, 20.01.2023г. – На денешната седница, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на Трговското друштво за радио-дифузна дејност ТВ ШУТЕЛ ДООЕЛ Скопје, поради прекршување на член 62 став 6 од ЗАВМУ и член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, односно не исполнување на минималните кадровски услови.

Со цел реализирање на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2023 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања на директорот на Агенцијата да донесе Одлука за распишување на јавен оглас за засновање на работен однос и спроведување на постапка за вработување во Стручната служба на АВМУ, за спроведување на постапка за јавна набавка на услуга: Податоци за досег на радиостаниците и уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици и за набавка на стока виртуелизација и соодветна опрема.



Accessibility

Accessibility