Скопје, 14.4.2026 – Советот на Агенцијата на 14 седница одржана на 9.4.2026 година донесе Решение за запирање на постапката за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД Телевизија Плус ДОО Куманово, откако радиодифузерот во целост го исполнил обврската за плаќање на годишниот надоместок за дозволата.
Советот даде и одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услуга – организирање на 65. состанок на ЕПРА. Постапката е предвидена со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, а средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата.