Хроника од 15 седница

Скопје, 27.4.2026 година – На 15. седницата на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука за доделување дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на локално ниво, на подрачјето на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани, на физичкото лице Петар Георгиески од Прилеп. Програмскиот сервис ќе се емитува преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс, а дозволата се доделува за период од девет години.

Советот донесе Одлука која ја поништи Одлуката со која се дозволува промена на сопственичката структура на Радио Ват ДОО Скопје, поради тоа што промената не е спроведена во законски утврдениот рок од 90 дена.

Одлучувајќи по Барањето на согласност за промена Советот на Агенцијата донесе Одлука со која е дадена согласност за измена на програмскиот концепт на Радио Роса-АБ ДООЕЛ Скопје, со што се менува структурата на музиката – наместо 100% македонска народна музика, ќе се емитува 90% жанровски разновидна забавна музика и 10% народна музика, како и измена во јазичната структура, односно 87% на англиски јазик, 8% на македонски јазик и 5% на други јазици.

По извршени програмски и административни надзори, Советот на Агенцијата, на ТРД Компани 21-М ДООЕЛ Скопје му изрече три мерки јавна опомена: поради емитување филм означен како 12+ во несоодветен термин (спротивно на одредбите за заштита на малолетници), поради прикриено рекламирање во емисијата „Pastel“ со промовирање производи на „Зегин“, како и поради необјавување задолжителни податоци за програмската содржина.

Во делот на административните надзори, јавни опомени се изречени и на издавачите на онлајн медиумите „Нистори“, „Скопје Инфо“ и „Национал“, поради нецелосно исполнување на обврските за објавување импресум, односно задолжителни податоци за издавачот, одговорното лице и уредништвото.

Советот даде одобрување за обезбедување средства за пристап до податоците на Интернет дистрибутивниот центар на Централниот регистар, како и за повеќе јавни набавки, меѓу кои одржување на софтверот на системот за мониторирање на радио и телевизиски сервиси и надзор на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, одржување на хигиена во деловните простории, како и за занаетчиски услуги за тековно одржување на објектот. Овие активности се во функција на непречено спроведување на законските надлежности на Агенцијата.

 



Accessibility

Accessibility