Хроника од 16 седница

Скопје, 5.5.2026 година – На 16 седницата, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за периодот од 1 јануари до 31 март 2026 година.

По разгледување на извештај од редовен програмски надзор, Советот на АВМУ му изрече мерка јавна опомена на Друштвото за трговија и услуги Тотал ТВ ДОО Скопје, поради прекршување на член 141 став 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Со надзорот е утврдено дека операторот, на 27 април 2026 година, реемитувал програмски сервиси („ТВ Алфа“, „Happy TV“, „Animal Planet“ и „Travel“) кои не се опфатени со потврдата за регистрација издадена од Агенцијата.

Дополнително, дадено е одобрување за спроведување постапка за јавна набавка на хардвер за мониторирање на платено политичко рекламирање.

 



Accessibility

Accessibility