Хроника од 17 седница

Скопје, 13.5.2026 година – На 17. седницата одржана на 12 мај 2026 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја усвои Нацрт-одлуката за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на Република Северна Македонија. Нацрт-одлуката ќе биде објавена на веб-страницата на Агенцијата, со цел да се спроведе јавна расправа во траење од 30 дена и да им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите мислења, ставови и предлози.

На седницата беше донесена и Одлука за продолжување на дозволата за радио емитување на ТРД Радио Пела ДООЕЛ с. Мало Коњари, Прилеп, за период од девет години, односно од 15.5.2026 до 14.5.2035 година.

По спроведени вонредни програмски надзори, Советот изрече мерки јавна опомена на ЈРП Македонска радиотелевизија – МРТ1 и МРТ5, поради користење аудиовизуелна комерцијална комуникација „пласирање производи“ во програмата за деца „Музичка фабрика“, што не е дозволено согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На двата програмски сервиси им е наложено во рок од 20 дена да го усогласат своето работење со законските одредби, по што ќе биде извршен контролен надзор.

Советот ја прифати и Информацијата за неисполнување на договорните обврски од страна на ЈЗУ СБГМП „13 Ноември“ Скопје, предвидени во Договорот за донација, и даде одобрување директорот на Агенцијата да потпише Спогодба за раскинување на договорот за донација склучен помеѓу АВМУ и оваа јавна здравствена установа.

Дополнително, Советот даде одобрување за спроведување постапки за јавни набавки за услуги за дезинфекција и дезинсекција во деловните простории на Агенцијата, како и за одржување на веб-страниците на Агенцијата. Средствата за овие набавки се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата за 2026 година и се предвидени во Годишниот план за јавни набавки за 2026 година.

 

 



Accessibility

Accessibility