Хроника од 18 седница

Скопје, 20.05.2026 година – Поради неплаќање на годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување, спротивно на член 80 став 5 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Шења ДООЕЛ Скопје.

По спроведен редовен административен надзор над работењето на ТРД 24 ВЕСТИ ДООЕЛ Штип и ТРД ТЕЛЕВИЗИЈА ПЛУС ДОО Куманово, Советот на Агенцијата на двата радиодифузери им изрече мерка јавна опомена поради прекршување на член 15 став 1 од Законот за медиуми.



Accessibility

Accessibility