Хроника од 2-та седница

СКОПЈЕ – 14.07.2014 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Агенцијата) на денешната седница донесе Одлука за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Трговското радиодифузно друштво Енергу Радио ДООЕЛ увоз-извоз Струга. Дозволата му се одзема за неисполнување на обврските предвидени во член 13 став 1 од Законот за медиуми.

Советот на Агенцијата заклучи да ја запре покрената постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на Телевизија Супер Скај, Тетово, и ТВ Лажани, Долнени поради тоа што наведените радиодифузери го платија надоместокот за вршење радиодифузна дејност.

Советот на Агенцијата му даде одобрение на в.д Директорот на Агенцијата да донесе одлука за исплата на втората рата за телевизискиот проект од јавен интерес “Кажи Не! На оружјето“ на Друштвото за филмска продукција уметност и издаваштво ШОРТКАТ, експорт-импорт ДООЕЛ од Скопје.

Советот на Агенцијата го овласти в.д Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во име на Агенцијата, да го потпише Договорот за приклучување на дистрибутивната мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучокот на 40кw, со ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција на електрична енергија, Скопје.

 



Accessibility

Accessibility