Хроника од 21 седница

Скопје, 1.6.2026 година – На седницата одржана на 1 јуни 2026 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Решение за запирање на покренатата постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на ТРД ТВ Шења ДООЕЛ Скопје. Постапката е запрена откако радиодифузерот во целост го уплати годишниот надоместок за дозволата за телевизиско емитување, согласно фактурата издадена од Агенцијата.

На седницата беше дадено и одобрување за спроведување постапка за јавна набавка за услуга – поправка, сервисирање и одржување на лифтови и платформа. Набавката е предвидена во Годишниот план за јавни набавки на Агенцијата за 2026 година, а средствата за нејзина реализација се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата за 2026 година.



Accessibility

Accessibility