Хроника од 21-та седница

Скопје, 13.04.2018 – На денешната седница, Советот на Агенцијата ги разгледа Кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01.01 до 31.03.2018 година.

Со оглед на фактот дека прибавената документација не обезбеди релевантни материјални докази дека постои недозволена медиумска концентрација Советот на Агенцијата донесе решение за запирање на постапката за утврдување на постоење недозволена медиумска концентрација, по службена должност, кај ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип.

Советот на Агенцијата ја прифати и Информацијата за плаќање на годишно членство во Европската платформа на регулаторни тела – ЕПРА за 2018 година.

Со цел да се започнат постапки за јавна набавка кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2018 година на Агенцијата, Советот даде одобрение Директорот на Агенцијата да спроведе постапкa за јавна набавкa на услуга – одржување на дополнителниот модул на постојното апликативно решение „Систем за електронски регистар на јавни комуникациски мрежи“.



Accessibility

Accessibility