Скопје, 19.6.2026 година – На 23. седница, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изрече мерка јавна опомена на операторот Фивенет ДОО Скопје, откако со редовен програмски надзор беше утврдено дека на своите корисници реемитувал програмски сервис кој не е опфатен со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата. На операторот му е наложено веднаш да го усогласи своето работење со законските одредби.
Мерка јавна опомена беше изречена и на Телевизија Плус ДОО Куманово, бидејќи во законски утврдениот рок не доставила годишен извештај за спроведувањето на обврските утврдени во дозволата за телевизиско емитување, ниту информации за техничките средства преку кои го емитува програмскиот сервис. Радиодифузерот е задолжен во рок од 45 дена да го усогласи своето работење со Законот за медиуми.
Советот ја разгледа и Информацијата во врска со изјаснувањето на издавачот на онлајн медиумот „Нова Македонија“ по извршениот административен надзор и заклучи дека не постојат доволно основи за изрекување мерка јавна опомена за издавачот Репро Принт ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Разгледувањето на Предлог-одлуката за утврдување листа на настани од големо значење за јавноста на Република С Македонија беше одложено за првото продолжение на 23. седница.