Хроника од 24 седница

Скопје, 8.7.2026 година – На 24. седница, Советот на Агенцијата донесе Одлука за намалување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 година.

Советот на Агенцијата изрече мерка јавна опомена на ТРД Телевизија Макпетрол ДООЕЛ Скопје поради прекршување на член 98 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и член 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техники, бидејќи во две емисии емитувал поп-ап реклами на поделен екран без да го почитува законски пропишаниот минимален интервал од 15 минути помеѓу две реклами. На радиодифузерот му е наложено во рок од 10 дена да го усогласи своето работење со законските одредби.

Мерка јавна опомена беше изречена и на ТРД Алсат-М ДОО Скопје поради прекршување на член 54 став 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, бидејќи во спонзорирана емисија било извршено посебно промотивно препорачување на производи на спонзор на емисијата. На радиодифузерот му е наложено во рок од 20 дена да го усогласи своето работење со законските одредби.

Советот на Агенцијата даде одобрување директорот на Агенцијата да донесе одлука за исплата на еднократна парична помош за лекување на вработен.

 



Accessibility

Accessibility