Хроника од 25 седница

Скопје, 9.7.2026 – Советот на Агенцијата донесе Решение за отфрлање на Известувањето за промена на сопственичката структура на ТРД 24 Вести ДООЕЛ Штип, бидејќи доставеното известување е нецелосно и нејасно, односно не содржи точни, целосни и меѓусебно усогласени податоци од надлежните јавни регистри, неопходни за понатамошно одлучување.

Одбиено беше и барањето за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за радиоемитување на локално ниво на подрачјето на општина Кавадарци, бидејќи со изработената студија е утврдено дека не постои оправданост за објавување ваков конкурс.

Воедно, Советот даде одобрување за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година (пречистен текст).

Дадено е одобрение директорот на Агенцијата да донесе Одлука за отпис на долг на ТРД Радио Ускана-Плус увоз-извоз ДООЕЛ Кичево, поради тоа што друштвото е избришано од Централниот регистар и не постои можност за наплата на побарувањето.

На седницата беше дадено одобрување и за спроведување постапка за јавна набавка на лиценци за firewall, предвидена со Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, а средствата за реализација се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата за 2026 година.



Accessibility

Accessibility