Хроника од 25-та седница

Скопје, 18.06.2019г. – Врз основа на извршен контролен надзор и непостапување по Решението за јавна опомена и за исклучување на реемитување на програмски сервиси, Советот на Агенцијата заклучи против ТРД оператор на кабелска мрежа ВИВА НЕТ ДООЕЛ Берово да покрене прекршочна постапка пред надлежен суд.

Советот на Агенцијата го разгледа и го усвои Извештајот за спроведување на Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост (2016-2018).

Воедно, Советот на Агенцијата донесе 9 Решенија за изрекување мерка јавна опомена поради прекршување на член 15 став 5 од Законот за медиуми на следниве радиодифузери: НАША ТВ Скопје, Б-97 Битола, РФМ Радио Скопје, Радио ПЕЛА Кривогаштани, ТВ ДУЕ Назми Гостивар, ТВ ИРИС Штип, Канала ВИЗИЈА Скопје, ЛАЈФ Радио Скопје и ХОЛИДЕЈ Прилеп.



Accessibility

Accessibility