Хроника од 26. седница

Скопје, 16.7.2026 година – Советот на Агенцијата донесе Решение за бришење од Регистарот на радиодифузери на Друштвото за радиодифузна дејност Еко Радио ДООЕЛ Пробиштип.

По разгледувањето на Писмениот извештај за извршен редовен административен надзор, Советот му изрече мерка јавна опомена на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија – Македонска телевизија – Трет програмски сервис (МРТ3) поради прекршување на член 14 од Законот за медиуми. На радиодифузерот му е наложено во рок од 20 дена да го усогласи своето работење со одредбите од Законот за медиуми.

На седницата беше дадено одобрување за спроведување постапка за јавна набавка на услуга за превентивно и адаптивно одржување на системот за автоматско управување со документи. Постапката е предвидена во Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, а средствата се обезбедени со Финансискиот план на Агенцијата за 2026 година, односно ќе бидат дообезбедени со Финансискиот план за 2027 година. Советот донесе и Одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2026 година.

 



Accessibility

Accessibility