Хроника од 29. седница

Скопје, 25 август 2026 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе Одлука со која се одобрува промената во сопственичката структура на ТРД Радио Антена 5 Петров, Јаневски и Гушев ДОО Скопје. По извршената проверка на податоците во Централниот регистар на Република Северна Македонија, Советот утврди дека со предложената промена не се создава недозволена медиумска концентрација, односно дека таа не е спротивна на забраните утврдени во членовите 34, 35 став 2 и 38 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

По разгледувањето на Писмениот извештај за извршениот вонреден административен надзор, Советот му изрече мерка јавна опомена на Трговското друштво за новинско-издавачка дејност, трговија, производство и услуги Капитал Медиа Гроуп ДОО увоз-извоз Скопје. Мерката е изречена поради прекршување на член 14 став 1 од Законот за медиуми, односно поради необјавување на податоците што издавачот е должен да ги објавува: адресата на седиштето на издавачот на медиумот, адресата на печатницата и датумот на печатење или препечатување.

Советот, исто така, даде одобрување за изменување на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, со бришење на една постапка за јавна набавка поради непостоење реална потреба од набавка на предвидената стока во планираниот обем. Со измената, Годишниот план за јавни набавки за 2026 година се усогласува со реалните потреби и планираните активности на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility