Хроника од 29-та седница

Скопје, 08.10.2021 година – Со цел усогласување со новиот Закон за заштита на лични податоци, Советот ги усвои следниве акти: Политика за воспоставување на систем за заштита на лични податоци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Упатство за начинот на водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изменување и дополнување на Правилникот за определување на обврските и одговорностите на администраторот на информацискиот систем и на овластените лица во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изменување на Правилникот за пријавување, реакција и санирање на инциденти во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изменување на Правилникот за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување, како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци, изменување на Правилникот за начинот на уништување на документите, како и начинот на уништување, бришење и чистење на медиумот во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење обработка на личните податоци и за водење евиденција за пренесување медиуми надвор од работните простории на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Со цел започнување на постапка која е во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата да ја спроведе постапката за јавна набавка на услугата – Одржување и сервисирање на системот за ладење, греење и вентилација и да донесе одлука за набавка на стока – ситен информатички материјал за потребите на Агенцијата за изборниот процес со средства кои се обезбедени со Финансискиот план на АВМУ за 2021 за потребите за избори.



Accessibility

Accessibility