Хроника од 29-та седница

Скопје, 26.08.2016г. – На денешната седница Советот на Агенцијата даде одобрување, Директорот да донесе одлука за доделување финансиска помош – донација за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион и одлука за исплата на помош за подолготрајно боледување и лечење. По завршување на јавната расправа, Советот ја усвои Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, со што ја исполни обврската од член 196-з од Изборниот законик. Согласно Годишниот план за јавни набавки за 2016 година, се даде одобрување за донесување на четири одлуки за спроведување на јавни набавки и две одлуки за набавки од мала вредност, за потребите на Агенцијата. Советот даде одобрување и за донесување на одлука за исплата на третата рата за програмата од јавен интерес, серијата „Грло и коска“.

 



Accessibility

Accessibility