Хроника од 30-та седница

Скопје, 25.10.2021 –  Советот на Агенцијата на денешната седница ги разгледа кварталните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за третото тромесечје од 2021 година.

Поради усогласување со постојните акти, Советот на Агенцијата донесе Правилник за изменување у дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на АВМУ.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2021 година на Агенцијата, Советот даде одобрување на директорот на Агенцијата за спроведување на јавни набавки за пренос на податоци од далечинските локации, печатарски услуги и систематски прегледи на вработените во Агенцијата. Воедно се одобрија финансиски средства за обновување на два кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“.



Accessibility

Accessibility