Хроника од 35та седница

Скопје, 19.09.2022 – На 35-та седница Советот на Агенцијата донесе Одлука со која одобри зголемување на Финансискиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2022 година.

Советот на Агенцијата изрече и четири мерки јавна опомена, и тоа:

  • Три мерки јавна опомена на ТРД КОМПАНИ 21-М ДООЕЛ Скопје за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членот 17 од Правилникот за заштита на малолетните лица односно несоодветно класифицирање и означување на програма, за прекршување на член 53 став 2 од ЗААВМУ – прикриена аудиовизуелна комерцијална комуникација и прекршување на член 14 од Законот за медиуми, за необјавување податоците што е должен да ги емитува на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис,
  • И една мерка јавна опомена на ТРД ТВ ШЕЊА ДООЕЛ за прекршување на член 98 став 2 од ЗААВМУ и на членот 14 став 4 од Правилникот за нови рекламни техникi, односно емитување поп-ап/реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Советот на Агенцијата даде и одобрување директорот на Агенцијата за спроведување на постапка за јавна набавка-услуга: водоинсталатерски и електричарски услуги.

 



Accessibility

Accessibility