Хроника од 35. седница

Скопје 27.10.2026 – Советот на Агенцијата на 35. седница одржана на 21.10.2026 година, врз основа на Извештајот од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување, заклучи да покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд против МРТ1, поради прекршување на член 76-б став 3, во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик.
Со мониторингот е утврдено дека на 17 и 18 октомври 2026 година, МРТ1 емитувал две репризирани и една премиерна емисија во кои биле реализирани интервјуа со носители на јавни функции.



Accessibility

Accessibility