Хроника од 35-та седница

Скопје, 05.10.2020 – На денешната седница Советот на Агенцијата ја усвои дополнетата Пријава за учество на јавниот конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво на подрачјето на општина Тетово.

Советот на Агенцијата ја усвои Нацрт-политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост и отвори јавна расправа по нејзиниот текст која ќе трае до 31 октомври 2020 година.

Поради прекршување на член 82 став 1 алинеа 2 од ЗААВМУ, односно „имателот на дозволата престанал со емитување на програмскиот сервис повеќе од 30 дена поради технички, финансиски или други причини“ Советот на Агенцијата покрена постапка за одземање на дозволата за телевизиско емитување на локално ниво на ТРД Јован Трпески ТВ МОРИС ДООЕЛ Охрид.

Советот на Агенцијата донесе две Одлуки со кои се дозволи промена во сопственичката структура на ТРД Радио КИСС ДООЕЛ Тетово и ТРД Вижн БМ-ТВ Канал Визија ДОО Скопје.

Со цел започнување на постапки кои се во согласност со Годишниот план за јавни набавки за 2020 година на Агенцијата, Советот даде одобрувања директорот на Агенцијата да ги спроведе постапките за следниве јавни набавки: услуга – Студија за утврдување на оправданоста за објавување јавен конкурс за доделување дозвола за телевизиско емитување на државно ниво преку дигитален терестријален мултиплекс, услуга – од биро за превод и стока – ситен и потрошен информатички материјал.



Accessibility

Accessibility