Хроника од 39та седница

Скопје 06.10.2022 – Врз основа на констатации од надзор, Советот на Агенцијата изрече мерки јавна опомена на операторите ВИНСАТ КАБЕЛ ДОО Виница, КАБЕЛ ДОО Струмица, КАНАЛ 16 ДОО Ресен, НЕОТЕЛ ДОО Скопје, СИГНАЛ-НЕТ ДОО Куманово и СПАЈДЕР-НЕТ Гевгелија, за реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси, што е спротивно на член 141 од ЗААВМУ.

На денешната седница Советот на Агенцијата покрена прекршочна постапка против Трговското друштво за производство, трговија и услуги АЛТРА-САТ 2000 ДООЕЛ Охрид врз основа на вонреден програмски надзор со кој е утврдено дека операторот продолжил со вршење на повреда на член 141 од ЗААВМУ за која е опоменат.



Accessibility

Accessibility