Хроника од 9-та седница

Скопје, 12.03.2024 – На денешната 9та седница, Советот на Агенцијата донесе Нацрт-правилник за пристапност до медиумските услуги и Нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за примена на одредбите за пласирање производи. За двата Нацрт документи отворена е јавна расправа во времетраење од 90 дена.

Предлог-одлуката за промена на сопственичката структура на ТРД КЛАН МАЦЕДОНИА е одложена за првото продолжение на 9та седница.

Советот донесе и три Решенија за бришење од регистарот на радиодифузери за следниве радиодифузери: Радио Александар Македонски Кичево, Радио Хит ФМ Скопје и Радио Ускана-Плус од Кичево.

Советот на Агенцијата донесе Одлука за мирување на работниот однос на работник при Секторот за стратешко планирање и заштита на авторски права, до завршување на изборот на претседател на РСМ, пратеници во Собранието на РСМ и изборот на Владата на РСМ во 2024г., согласно со резултатите од изборите, поради законска неможност од спроведување на постапката за престанок на работен однос, односно откажување на Договорот за вработување со анекси.



Accessibility

Accessibility