23.04.2009г. СООПШТЕНИЕ

СКОПЈЕ, 23 Април 2009г. Денеска во Советот за радиодифузија од претседателот Зоран Стефаноски и заменик претседателот на Советот Илир Ајдини беше примена делегација од Високиот Аудиовизуелен Совет на Република Турција. На состанокот членовите на делегацијата беа информирани за состојбата во радиодифузијата во Република Македонија, развојната компонента во оваа област,
трендовите и настаните кои претстојат во блиска иднина, процесот на дигитализација, емитувањето програмски сервиси преку сателит и сл. Членовите на делегацијата беа запознати со неодамнешното започнување со работа на непрофитното радио во Штип, кое емитува програма на турски јазик.

Беше истакнато дека традиционалното пријателство меѓу Република Турција и Република Македонија се рефлектира и во областа на радиодифузијата преку потпишаниот Протокол за соработка помеѓу Советот за радиодифузија на Република Македонија и Високиот Аудиовизуелен Совет на Република Турција. Од двете страни беше потенцирана соработката која досега ја имаат остварено регулаторите од двете земји и особено подготвеноста за нејзино интензивирање во претстојниот период.



Accessibility

Accessibility