СКОПЈЕ, 30 Април 2009г. Советот за радиодифузија денес одржа јавна седница на која беа присутни и новоизбраните членови на Советот. Нови членови на Советот за радиодифузија на Република Македонија се: Академикот Бојан Шоптрајанов, предложен од Македонската Академија на науките и уметностите,
како и Столе Наумов и Бранко Радовановиќ предложени од мнозинското здружение на новинарите на Македонија. На седницата, претседателот на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Зоран Стефаноски преку своето излагање, направи пресек на досегашната работа на Советот и на приоритетите во наредниот период.
Претседателот Стефаноски како приоритети во наредниот период ги посочи активностите поврзани со започнувањето на процесот на дигитализација на радиодифузијата во Република Македонија. Овие активности паралелно ќе се одвиваат со зајакнувањето на капацитетите на Советот и подготовката на нови подзаконски акти.