09.03.2011г. СРД одржа работилница за европски аудиовизуелни дела

Скопје, 9 март 2011 – Со цел правилно пополнување и навремено доставување на обрасците за емитувани европски аудио-визуелни дела денеска во Советот за радиодифузија (СРД) се одржа работилница за претставници од електронските медиуми.

 

(Слика: Драгица Љубевска и Емилија Петреска Камењарова ја држат обуката за европски аудио-визуелни дела)

 

Националните телевизии (земски и сателитски) имаат законска обврска на годишно ниво да емитуваат 51 отсто европски аудиовизуелни дела. Во случајот на јавниот сервис МТВ1 обврската е поголема и изнесува 60 отсто.

„Оваа работилница беше можност за презентација на практични примери за тоа како полесно да се исполни обврската, односно како да се евидентира емитуваната програма што влегува во процентот за европски аудиовизуелни дела во текот на годината и како да се пополни образецот за известување.“ – рече Емилија Петреска Камењарова, еден од предавачите, вработена во Секторот за програмски работи.

Заедно со неа обуката ја водеше и Драгица Љубевска која на присутните им објасни дека националните телевизии имаат должност, најдоцна еден месец по завршувањето на календарската година, да го известат СРД како ја оствариле својата обврска.

СРД, како надлежно тело за медиумски надзор, и понатаму ќе соработува со електронските медиуми преку работилници и директни контакти со цел доследно и ефективно спроведување на Законот за радиодифузната дејност.

Материјалите што се разгледуваа за време на обуката можат да се преземат на следните линкови:

 

Пример од работилницата – обрасци за АВ дела

 

Презентација – европски АВ дела

 

Образец – европски АВ дела

 

Правилник за АВ дела

 

Прилог 1 земја на потекло

 

Прилог 2 видови програма



Accessibility

Accessibility