05.09.2012г. Денеска СРД одбележува 15 години од основањето – свечена седница

image_pdfimage_print

СКОПЈЕ, 05.09.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска со свечена седница, на којашто присуствуваа сегашните и поранешните членови на Советот, ја одбележа 15-годишнината од основањето на 5 септември 1997 година.

Во кусиот осврт по овој повод, актуелниот претседател на СРД, м-р Зоран Трајчевски, посочи на важноста од постоење независна и ефективна медиумска регулација: „На Македонија и’ е потребен медиумски поредок, кој како своја мисија ќе го има квалитативното унапредување на медиумскиот плурализам преку ползување на целата медиумска креативност, медиумски поредок, кој ќе ги унапредува професионалните новинарски стандарди, кој ќе мотивира на дебата, кој ќе му дозволи на уредничкиот кадар да наметнува теми за општествен дискурс – и на крајот, нам ни треба медиумски поредок, кој ќе му го гарантира правото на граѓанинот да биде објективно информиран.

Кратки осврти на најзначајните моменти од нивните мандати одржаа и претходните претседатели на СРД, проф. д-р Љубомир Јакимовски, Мирче Адамчевски, м-р Зоран Стефаноски, како и сегашниот заменик претседател, м-р Милаим Фетаи.



Accessibility

Accessibility