Одржани работилници за примена на правилата за пласирање производи и примената на нови рекламни техники

Скопје 08.05.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на ИПА 2009 проектот „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“ одржа две работилници на тема: Примена на правила за пласирање на производи и Примена на нови рекламни техники. Работилниците беа наменети за претставниците на маркетиншките оддели на радиодифузерите на давателот на услуга по барање.

На првата работилница, за општите правила за комерцијална комуникација, основните принципи при пласирањето производи – уредничка одговорност и зачувување на интегритетот на програмата и забраната за директно поттикнување купување или изнајмување стоки или услуги и за придавање претерана важност (истакнување или упатување) на производот за кој станува збор, како и за разликите помеѓу пласирањето на производите и спонзорството, говореше Марк Џансен, виш експерт во рамките на ИПА проектот.

Поимите пласирање производи, пласирање реквизити и спонзорство ги појасни Виктор Шиков, виш соработник за програмски и административен надзор во Секторот за програмски работи во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тој носта на уредникот и на водителот на програмата коишто се должни да ја заштитат содржината и обликот на програмата, начинот на означување на пласирањето производи и идентификација на спонзорите.

На втората работилница, која беше посветена на примената на правилата за нови рекламни техники стана збор за основните принципи, општите правила и ограничувања за рекламите на поделен екран, интерактивно рекламирање и виртуелно рекламирање.

Презентациите можете да ги преземете на следните линкови:

Пласирање производи-поим – Основи на правила за користење и означување на емисиите со пласирање производи и правила за означување на спонзорство – Начин на користење на пласирањето на производи и пласирање производи наспроти спонзорство

Марк Џансен, ИПА ТАИБ 2009

м-р Виктор Шиков, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Нови рекламни техники – форми и правила – Правила за рекламирањето на поделен екран

Марк Џансен, ИПА ТАИБ 2009

м-р Виктор Шиков, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги



Accessibility

Accessibility