Демант на Соопштението за јавност на СДСМ со наслов „УЈП нема морално право да блокира сметки на граѓаните за радиодифузна“

image_pdfimage_print

Скопје, 02.11.2015г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро ги демантира наводите изнесени во денешното соопштение за јавност на СДСМ, во кое се наведува дека според последните податоци на листата на должници на Управата за јавни приходи, Советот за радиодифузија должи близу 800.000 евра.

Во насока на правилно информирање, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поранешен Совет за радиодифузија ја известува јавноста дека Агенцијата не само што нема долгови туку редовно ги подмирува своите финансиски обврски.

Имајќи ја предвид важноста и улогата на регулаторното тело за медиуми, апелираме Агенцијата да не биде вовлекувана во дневно-политички збиднувања.



Accessibility

Accessibility