Конференција за состојбата со медиумите во Западен Балкан и Турција во Брисел

image_pdfimage_print

04.11.2015 – Под мотото „Speak up!“, денес во организација на Европската комисија, во Брисел се одржува Третата конференција за слободата на изразување и медиумите во земјите од Западен Балкан и Турција. Како претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги присуствуваат директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски и раководителот на одделението за меѓународна соработка д-р Ирена Бојаџиевска.

Претходните две „Speak up!“ конференциии организирани од Генералниот директорат за проширување, како што беше посочено и од самата Европска комисија, резултираа со значајни заклучоци коишто станаа важна референтна точка за формулирање на политиките, пристапот за помош како и при справување со различните прашања од оваа област.

Голем број лица од граѓанското општество, новинари и медиумски претставници, меѓу кои и од Република Македонија, заедно со претставници на Европската унија и Советот на Европа се очекува да дискутираат и да ги претстават состојбите во медиумите во земјите од Западен Балкан и Турција.

Темите кои се во фокусот на конференцијата ги третираат „новите медиуми“ во контекст на демократијата и критичкото размислување, медиумската писменост, новинарските професионални и етички стандарди, условите за работа на новинарите.



Accessibility

Accessibility