Агенцијата изготви Концепт за развој на непрофитните радиодифузни установи

Скопје, 12.12.2015 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 39-та седница одржана на 11.12.2015 година го усвои изготвениот Концепт за развој на непрофитните радиодифузни установи (бр.01-7043/1 од 16.12.2015 година).

Овој документ, во себе ги инкорпорира идеите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сознанијата изложени во документот „Непрофитни медиуми – медиуми на заедницата“ (по кој се водеше јавната расправа) и предлозите на Центарот за развој на медиуми. Неговата цел е двојна, од една страна тој треба пошироко да ја пренесе информацијата за постоењето на третиот радиодифузен сектор, а од друга страна треба да ги поттикне институциите и органите во државата да осмислат и предвидат мерки со кои ќе се помогне неговиот развој.

Концептот за развој на непрофитните радиодифузни установи и добиените мислења и коментари од јавната расправа во врска со изработката на Концептот за развој на непрофитните радиодифузни установи и ставот на Агенцијата можете да ги преземете на следните линкови:

Концепт за развој на непрофитните радиодифузни установи

Добиени мислења и коментари од јавната расправа во врска со изработката на Концептот за развој на непрофитните радиодифузни установи и ставот на Агенцијата



Accessibility

Accessibility