Отворена јавна расправа за Нацрт-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на ЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Скопје, 12.12.2015 год. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавнa расправa за текстот на

Нацрт-Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на локациите за прибирање сигнали од операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и давателите на аудиовизуелните медиумски услуги по барање.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа која трае до 10 јануари 2016 година.

Мислењата и предлозите може да се доставуваат по електронски пат на irena.bojadzievska@avmu.mk и argjend.xhelili@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.



Accessibility

Accessibility