Агенцијата го осудува нападот на новинар на ТВ Телма

image_pdfimage_print

Скопје, 21.10.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашното насилство врз новинарот на ТВ Телма и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Агенцијата апелира да не се попречуваат новинарите и претставниците на медиумите во извршувањето на нивната професионална задача, која е од исклучителна важност во овие општествено-политички мигови.



Accessibility

Accessibility